| четврток, 6 декември 2018 |

Утро по катастрофата: Отворен сеф да се сомневаме и пепел да жалиме по историјата на Скопје (ФОТО)

Пепел, јагленисани штици кои чадат, изгорени стари записници, планови, скици и изгорена пластика и бои останаа зад пожарот во кој изгоре историјата на Скопје. Пеплосаните бараки на некогашниот Завод за урбанизам и на Институтот за социолошки и политички истражувања утрово ги обезбедуваше еден полицаец.
Во пожарот изгореле и вредни скици, макети и архивски материјали за постземјотресно Скопје, а кои бие сместени во просториите на бараките. Во пожарот, освен материјалната штета, нема повредени.
Пожарот избувна вчера околу 12 часот, по што почна речиси тричасовна битка на пожарникарите со огнот кој бргу се ширеше поради силниот ветер. Причините за овој пожар се непознати, но се отворија голем број дилеми особено поради тоа што огнот избувнал многу бргу по должина на речиси целата барака на Заводот за урбанизам.
18073351_10154214386811741_1724189023_n

Овој Завод е под стечај, а во него одамна бил исклучен доводот за електрична енергија.

Во бараката на Заводот, како што потврдија и од општината Карпош, имало урбанистички документи, а според тврдењата на дел од архитектите, таму биле макети и скици од Кензо Танге, за изгледот на постземјотресно Скопје. Нема потврда дали таму биле сместени и оригиналните скици од Танге.

„Со ова заминува дел од историјата на Град Скопје, макети од значајни објекти, проекти и урбанистички планови. Симптоматично е што пожарот многу брзо се ширеше и затоа Општина Карпош бара од Министерството за внатрешни работи – Службата за противпожарна заштита да направи темелна истрага за причините за пожарот“, се наведува во соопштението што го испратија од општината, на чија територија се бараките кои беа пеплосани во вчерашниот пожар.
pozar4

За гаснење на пожарот беа ангажирани повеќе од 40 пожарникари, како и екипи од „Водовод и канализација“. Акцијата на пожарникарите беше насочена повеќе кон тоа да се спречи ширење на пожарот.

Во близина на бараките се наоѓа и довод за гас и СГУ „Здравко Цветковски“, па постоеше опасност да дојде и до поголема хаварија, доколку огнот пристигнеше до гасната станица или до училиштето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top