Изјавите на Еди Рама, Хашим Тачи и Јонуз Муслиу за обединување на сите Албанци и за создавање на Голема Албанија не се „невнимателни”, ја искоментира српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ реакцијата на амбасадорите на САД во Белград, Приштина и Тирана.
Дачиќ смета дека овие изјави се закана за мирот и стабилноста на Балканот и на Европа, но не онака како што ги означија американските амбасадори.
„Дали овие амбасадори ќе реагираа исто вака да беа споменати Скопје, грчки Епир или црногорски Улцињ, како што Муслиу го стави српскиот Ниш во границите на Голема Албанија? Сигурен сум дека остро ќе реагирааа, додека нападот на Србија е нешто што може да се толерира”, искоментира Дачиќ.
Според него овие изјави не се невнимателни, туку одраз на јасна платформа на сите Албанци за Голема Албанија.
„Вчера Косово, денес Ниш, утре Скопје и така натаму“, навести српскиот министер за надворешни работи, повикувајќи ги амбасадорите на САД самите да не останат невнимателни и безгрижни, па да сфатат што се случува кога ќе биде доцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.