| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ нуди 90 милиони евра за трансфер што ќе ја потресе Франција

ПСЖ нема да штеди пари за нови засилувања. По елиминацијата од Барселона во двомечот од ЛШ, јасно е дека екипата мора да добие неколку освежувања, а француските медиуми веќе го споменуваат името на талентираниот играч на Монако, Килијан Мбапе.

Наводно ПСЖ е спремен да плати 90 милиони евра за фудбалерот што го бараат сите големи европски тимови. Овој тинејџер игра совршена сезона и експлодира во Лигата на шампионите, па нема сомнеж дека управата на ПСЖ би сакал да го види во својот ростер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top