Веќе во недела, околу 22:40 часот, ќе добиеме одговор и на прашањeто дали по пауза од пет години шампионската титула во Примера дивизион, ќе заврши во рацете на фудбалерите на Реал (М).
“Кралскиот клуб” ја има првата меч-топка, но на спротивната страна ќе биде најголемиот ривал, каталонскиот гигант Барселона, кој со натпревар повеќе има три бода помалку од Реал (М).
Домаќинот дуелот на “Сантијаго Бернабеу” ќе го старува во максимално позитивна атмосфера поради пласманот во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, додека Барса ќе биде како ранет лав поради елиминацијата од најпрестижното клупско натпреварување.
Овој дуел е во центарот на фудбалското внимание и поради контоверзниот графит кој ја краси познатата улица во Барселона.
На графитот се нацртани најголемите ѕвезди на Барса и Реал (М), Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои се бакнуваат во уста, а под нив пишува “Љубовта е слепа”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.