Девојката која наводно ја силувал Роналдо, потпишала договор со кој за 375 000 долари се откажала од тужба и се заколнала дека ќе молчи за настанот.
Тие се запознале на забава во Лас Вегас, по што Роналдо ја одвел во неговата хотелска соба. Сепак, и покрај потпишаниот договор, девојката неколку години подоцна се одлучила да го тужи фудбалерот.
– Сакам светот да дознае за тоа што ми се случи и за тоа како човек е тој. Ме нападна од позади, а јас врескав и го молев да престане. Во животот никогаш не сум била толку уплашена, изјавила таа.
И покрај тоа што ја започнала судската постапка, девојката вели дека правадата тешко ќе ја дочека и дека се кае што ја прифатила спогодбата бидејќи повеќе не е истата личност.
Веднаш по аналното силување, жената ја озвестила полицијата и заминала на преглед во Универзитетскиот медицински центар во Лас Вегас. По пергледот било утврдено дека има оток и гребаница во аналниот предел, што го потврдуваат и медицинските документи до кои дошол Шпигел.
Сепак, жената и поктрај тоа што има докази одлучила тогаш да не го тужи Роналдо туку да се спогоди.
Адвокатскиот тим на Роналдо тврди дека Спигел манипулира со „непотпишани документи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.