| четврток, 6 декември 2018 |

За влез на Плаошник ќе плаќате по 100 денари

Од овој викенд сите туристи за влез на локалитетот Плаошник во Охрид ќе плаќаат по 100 денари. Влезот во овој вреден културно-историски локалитет беше бесплатен од неговото обновување пред 13 години со државни пари, и се смета дека досега го посетиле повеќе од еден милион туристи.

Овој потег на митрополитот Тимотеј, кој е владика во Дебарската епархија, дополнително го зголеми револтот кај обичните верници и туристи затоа што во светот е реткост да се наплаќа влез за активна црква.

Туристички водичи од Охрид за „А1.он“  велат дека ова ќе биде единствен таков случај.

„Бевме изненадени кога на Плаошник ни побараа 100 денари за влез. Не смее да се наплаќа за влез во активна црква. Од искуството кое го имаме во светот, дали е во прашање „Нотердам“ во Париз, најголемата базилика во Рим, „Свети Петар“ или „Свети Марко“ во Венеција, може да се заклучи дека не се наплаќа.

Дебарско-кичевската епархија се смета за една од најбогатите  епархии во МПЦ, но тоа не е доволна причина за владиката Тимотеј да не се обиде дополнително да ја збогати црковната каса.

Во црквата „Свети Марко“ во Венеција не се наплаќа за влез, но туристите ако сакаат да влезат внатре, мора да ги остават ранците или торбите со апарати и камери во блиска канцеларија за што мораат да платат неколку евра. На Плаошник ќе се плаќа и ако влегувате без ранци и торби.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top