| четврток, 6 декември 2018 |

Бојан Вулетиќ за македонската премиера на „Реквием за госпоѓа Ј“: Почестен сум што филмот се враќа таму од каде што излезе! (галерија)

Со македонската премиера на филмот „Реквием за госпоѓа Ј“ вчера вечер свечено беше отворено 20. издание на „Скопскиот филмски фестивал“.

sff foto3

-Филмот во голем дел е снимен во Скопје, исто така е и монтиран во Скопје, така што филмот е „породен“ овде. Четири месеци, практично, живеев во Скопје и ова го доживувам како домашна премиера. Навистина сум почестен што филмот се враќа таму од каде што  излезе – рече режисерот на филмот Бојан Вулетиќ.
Директор на фотографија е Јелена Станковиќ, сценограф е Зорана Петров, костимограф е Лана Павловиќ, а монтажата е на Владимир Павловски.

sff foto5

По проекцијата, публиката со силен аплауз ги поздрави маестралната актерка Мирјана Карановиќ, режисерот Вулетиќ, продуцентите Ненад Дукиќ и македонскиот дел од екипата предводен од продуцентот Томи Салковски.

На програмата на фестивалот вечерва во кино „Милениум“  уште една премиера  на новиот македонски филм „Ах љубов моја“ на режисерот Коле Ангеловски.

sff foto6

-Направивме филм кој е за публика. Публиката ќе сака да го гледа, ќе ужива и ќе биде среќна и задоволна по проекцијата. Во филмот, главно, играат млади актери, повеќето дебитанти и мислам дека одлично се снаоѓаат пред филмсаката камера – вели режисерот Ангеловски.

Вечерва, во 19.30 часот, во Кинотека на Македонија почнува и новата детска програма „Креираме заедно“, која, покрај детските краткометражни филмови, ќе ги претстави и завршните продукти од работилниците со учениците со и без пречки во развојот од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и во Струмица.

Во Кинотеката вечерва ќе се одржи изложба на фотографии, филмска програма и дебата на тема: „Кретивноста -прозорец кон светот на различностите“.

Детските филмови што ќе се прикажат се синхронизирани на македонски јазик, со адаптиран превод за лица со оштетен слух. Оваа програма ќе продолжи и во сабота 22 април, а влезот е слободен.

Програма за сабота  22 април

Кино Милениум

17.00 ч. 2001: ОДИСЕЈА ВО ВСЕЛЕНАТА/2001: SPACE ODYSSEY (1968)

Режија: Стенли Кјубрикм

ВБ/САД 142 мин.

20.00 ч. МЛАДИОТ КАРЛ МАРКС/THE YOUNG KARL MARX (2017)

Рeжија: Раул Пек

Франција/Белгија/Германија, 118 мин.

22.00 ч.  КРАЛИЦАТА НА ШПАНИЈА/THE QUEEN OF SPAIN (2016)

Режија: фернандо Труеба

Шпанија, 128 мин.

Кинотека на Македонија

19.30 ч. КРЕИРАМЕ ЗАЕДНО Филмска програма за деца.

Филмовите се синхронизирани на македонски јазик, со адаптиран превод за лица со оштетен слух (слободен влез)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top