Организаторите на „Охрид колинг“ (OHRID CALLING 2017), којшто ќе се одржи на 01 август во Охрид на стадионот „Билјанини извори“, „Авалон продукција“ информираат дека ги дефинирале сите детали за првиот ден.
-На првиот фестивалски ден на кој како главна ѕвезда ќе настапи популарниот AFROJACK, шоуто ќе го отвори младиот и талентиран диџеј RAVITEZ. DJ RAVITEZ е млад диџеј од Холандија, чија кариера започнува пред 7 години. Неговата работа и страст кон музиката првично ја забележува тимот на Nicky Romero од Protocol Recordings, а потоа и AFROJACK кој го зема во неговиот тим, давајќи му привилегија да ја дели сцената со некои од најголеми имиња на светската електронска сцена и со него е придружуван на турнеите по светот и фестивалите како: Ultra Music Festival (Мајами), Tomorrowland (Белгија), EDC (Лас Вегас), Untold Festival (Романија) и многу други, велат од „Авалон“.
Билетите за фестивалот OHRID CALLING ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (24.04.2017) преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн, по цени од:
1000 денари ПАРТЕР
1.500 денари ФАН ПИТ
1.500 денари ВИП
2.000 денари УЛТРА ВИП
БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА ДВАТА ФЕСТИВАЛСКИ ДЕНА:
1.500 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ПАРТЕР
2.000 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ФАН ПИТ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.