| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белград почина легендарниот книжевник и новинар Радивој Рашо Попов

Во Белград почина легендарниот книжевник и новинар Радивој Рашо Попов. Тој го разубави детството со своите „Фори и фазони“ на многу генерации деца. Почина во 84 година од животот. Автор е на многубројни книги за деца и возрасни.
– Децата се денес паметни, а светот потрагичен. Ова време не е добро, има многу дивјаштво на сите страни. Светските политичари кажуваат лаги, започнуваат нови војни, се караат како продавачи на пазар, а не се ниту културни ни образовани. На секој чекор се случуваат грди работи, велеше Попов.
Неговата најнова книга со песни се викаше „Животот е сладок брате, кој би сакал на гроб да се прати“. Самиот автор велеше дека во Лондон го видел тој натпис и смета дека треба да се најде задоволството во малите работи.
– Секоја вечер на синот и ќерката им раскажував приказни. Барем 1000 сум ѝ раскажал на ќерката и исто толку на синот, а на внуците малку помалку, затоа што беа далеку. Во тоа подеднакво уживавме – и тие и јас, рече во една прилика Попов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top