| четврток, 6 декември 2018 |

Смрт­та е пос­лед­на ко­га не­ма сло­бо­да: Ма­ке­до­ни­ја ќе ро­ди но­ви бор­ци, ние ќе жи­ве­е­ме во спо­ме­ни­те ва­ши

Хри­сто Узу­нов или Ду­ле Узу­нов (Охрид, 22 фе­вру­а­ри 1878 го­ди­на – Цер, 24 април 1905 го­ди­на) бил учи­тел, вој­во­да и ре­он­ски на­чал­ник на че­ти­те на МРО во Охрид­ски­от ре­во­лу­ци­о­не­рен округ. Се шко­лу­вал во Со­лун­ска­та ма­шка гим­на­зи­ја, ка­де што Да­ме Гру­ев го „иска­пал во ре­во­лу­ци­о­нер­ни­от ко­тел“.

По тра­гич­ни­от крај на во­ста­ни­е­то Хри­сто Узу­нов оста­нал во Ма­ке­до­ни­ја.

На 24 април 1905 г. Хри­сто со сво­ја­та че­та од Кру­ше­во за­ми­нал за Ки­чев­ско, но во ки­чев­ско­то се­ло Цер че­та­та би­ла оп­ко­ле­на од мно­гу­бро­ен тур­ски аскер со ар­ти­ле­ри­ја. Би­деј­ќи не­ма­ле ни­ка­ква по­мош, бор­ци­те би­ле при­ну­де­ни или да се пре­да­дат или да се са­мо­у­би­јат. За да не им пад­нат жи­ви в ра­це на Тур­ци­те, тој и не­го­ви­те 13 со­бор­ци пос­лед­ни­те кур­шу­ми ги истре­ла­ле во се­бе.

Оста­на не­го­во­то по­трес­но претс­мрт­но пис­мо ка­ко све­дош­тво за хе­рој­ска­та смрт на ма­ке­дон­ски­те ју­на­ци.

„Бра­ќа, до­пу­штам да сме пре­да­де­ни, но ве­ру­вам и де­ка е тоа слу­чај­но. Ван­чо из­ле­зе и бе­ше уби­ен уште во 10 и три че­твр­ти ра­но утро­то, а, исто та­ка, и чет­ни­кот Јон­че од Двор­ци (Ки­че­е­ско), кој бе­ше со Пе­цо.

Мо­ја­та ар­хи­ва е рас­прс­на­та низ це­ло­то се­ло. Им ја до­ве­рив на три же­ни, кои не ги поз­на­вам. Ван­чо, исто та­ка, ја оста­вил ар­хи­ва­та кај ед­на же­на, но не ја знам. По­ба­рај­те ја, ќе ја нај­де­те.

При­чи­на­та што не ри­зи­ку­вав­ме да удри­ме утри­на­ва бе­ше во тоа што од се­дум-осум стра­ни ни отво­ри­ја оган, па мис­леј­ќи де­ка се мно­зи­на, ре­шив­ме да се бо­ри­ме, ма­кар и про­тив по­го­ле­ми си­ли, кои ги оче­ку­ва­ме да дој­дат. Уве­рен де­ка не ќе би­де­ме спа­се­ни, за пос­ле­ден пат ви ис­пра­ќам брат­ски поз­дра­ви на си­те дру­га­ри и при­ја­те­ли.

Спро­ти кар­па­та ка­де што сме се­га, го оста­вив во ед­на дуп­ка на ѕи­дот мо­е­то ќе­се со че­ти­ри и пол на­по­ле­о­ни, ед­на ли­ра и око­лу 40 гро­ша. Тоа се охрид­ски па­ри.

Мо­јот пос­ле­ден со­вет до си­те дру­га­ри е да би­дат искре­ни кон де­ло­то си­те тие што му слу­жат за­што са­мо искре­но­ста и че­сто ср­деч­но­ста ја из­диг­на­ле Вна­треш­на­та ор­га­ни­за­ци­ја и пак тие ќе ја спа­сат од ано­мал­но­ста во ко­ја е по­ста­ве­на од не­до­бро­со­вес­ни на­ши дру­га­ри… На­ша­та иде­ја ќе би­де по­стиг­на­та, ете зо­што ќе умрам спо­ко­ен, со чи­ста со­вест пред за­ко­ни­те на на­ша­та све­та Ор­га­ни­за­ци­ја.

До­се­га на­мер­но со ни­што не сум му на­па­ко­стил на де­ло­то, а ако сте за­бе­ле­жа­ле во ме­не не­кои гре­шки, би­де­те уве­ре­ни де­ка тие ста­на­ле про­тив мо­ја­та вол­ја. Мо­лам из­ви­ну­ва­ње.

Мо­лам осо­бе­но да ја поз­дра­ви­те мо­ја­та љу­без­на мај­ка, ко­ја ни­ко­гаш не сум ја за­бо­ра­вил, би­деј­ќи таа ме на­пра­ви ва­ков. Не­ка ме из­ви­ни и таа де­ка со ни­што не се за­ра­ду­ва­ла од ме­не…

За пос­ле­ден пат ќе ви по­вто­рам. Би­де­те искре­ни и чу­вај­те ги ос­нов­ни­те за­ко­ни на Уста­вот на Ор­га­ни­за­ци­ја­та. Оста­ну­вам со брат­ски бак­не­жи, Х.Д.У…“

Да­вај­ќи ѝ го пис­мо­то на Спи­ро­ви­ца, ѝ под­вик­нал:

„Пос­ле­ден пат збо­гум се­стро, ка­жи им на дру­га­ри­те де­ка слав­но ќе умрам, смрт­та е пос­лед­на ко­га не­ма сло­бо­да. Не­ка би­дат уве­ре­ни де­ка де­ло­то ќе по­бе­ди. Ма­ке­до­ни­ја ќе ро­ди но­ви бор­ци, ние ќе жи­ве­е­ме во спо­ме­ни­те ва­ши. Ка­же­те им де­ка сме пре­да­де­ни.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top