Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја нанижа и втората победа на ИТФ фјучерсот во Киасо, Швајцарија кој се игра на земјени терени со вредност од 25.000 американски долари.
По вчерашната победа над Дину и денеска Ѓорческа беше фуриозна и тоа против швајцарската квалификантка Киара Грим. Мечот траеше еден час и 11 минути со тоа што истиот можеше побрзо да биде решен зошто Лина при резултат 1-0 во сетови (6-2) водеше со 5-0 во гејмови во вториот, меѓутоа Грим успеа да дојде до 5-3 по што на потег дојде Македонката која стави точка за конечни 6-3 и пласман во четвртфиналето.
Таму тетовката која е четврта носителка ќе излезе на мегдан со Катинка Фон Дајхман од Лихтенштајн.
Овој ден за првиот македонски рекет не е завршен, бидејќи ја очекува настап во двојки со Александрина Најденова (Бугарија) и тоа против Ин-Албон и Кенел од Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.