„Сикрет сервис” приведоа и го испратија за психијатриска експерти за 30-годишниот њујорчанец Џеир Кардосо кој премногу агресивно и се додворувал на Малија, поголемата ќерка на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, објави весникот „Дејли њуз”.
Тој влегол на четвртиот кат во зградата во Трајбека каде 18-годишната Малија работи како стажантка и на разглас ѝ изјавил љубов, а два дена подоцна ситуацијата се повторила на друго место во градот. Тогаш телохранителите го запреле и го замолиле да ја остави девојката на мир.
Весникот пишува дека Кардосо неколку пати се обидел да влезе во Белата куќа уште во времето на мандатот на Обама како претседател кога тој живееше таму со своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.