„Основното правило на пристојно и хумано известување е: Не исмејувајте ги децата на политичарите. Откако новинарката Елизабет Лаутен непримерно се осврна на модниот стил на ќерките на Обама во текот на една свеченост, интернетот ја распна. Големи медиумски имиња повикаа на нејзина смена. Се извини истиот ден, но беше доцна. Елизабет Лаутен стана злобно и проклето име. Ги нападна децата на претседателот, а медиумите се погрижија да плати за тоа. По неколку дена подоцна даде отказ и до денес не успеа да најде нова работа во јавниот сектор. Медиумите го добија својот скалп и го поставија преседанот: Не напаѓајте ги децата на претседателот. Да забрзаме до 2017 година.
Што се промени?
„Секојдневно сме сведоци на тоа како децата на Трамп се исмејувани од истите луѓе кои практично бараат човечка жртва кога тоа се случи и на децата на Обама. До денес најмладиот син на Трамп, Барон:
1. Во јавно видео го нарекоа аутистичен.
2. Му се потсмеваа на неговиот изглед на инаугурацијата.
3. Рекоа дека ќе пукал во училиштето.
4. Го обвинија за осакатување на животни.
5. Го нарекоа убиец.
И многу повеќе од тоа.
Барон Трамп има 10 години. Малиа и Саша имаа 16 и 13 години кога Лаутен ги плати своите коментари со работата и угледот.
Исмејувањето на децата на Трамп не престанува кај Барон. Трамп го обвинија дека спиел со неговата ќерка Иванка. Иванка и нејзините мали деца во јавноста ги нападнаа либералите кои не се согласуваат со политиката на нејзиниот татко. Ешли Џуд на протестниот митинг Women’s March изјави дека Трамп има мокри сонови за својата ќерка, а тоа беше дочекано со голем аплауз. И ракоплескаа жени кои веројатно се згрозувале на коментарите на Елизабет Лаутен пред две години”.
Каде е одговорноста?
„Одговараат ли тие коментатори за своите изјави со работата и угледот? Се пишуваат ли за нив колумни или критички се анализира? Не. Доналд Трамп претставува предизвик со моменталниот политички состав, но тоа не е причина да му се напаѓаат децата. Тој двоен стандард не е во ред.
Да се биде тинејџер е тешко, но да се биде тинејџер во куќа-музеј која секојдневно ја фотографираат многу странци мора да е ужасно. Да се биде дете на претседател е одговорност која тие деца не ја барале. Само нечувствително лице би нападнало невино дете чија единствена вина е тоа што се родило како дете на лидер на Слободниот свет. Оставете ги тие деца на мир, гадови едни. Не затоа што ќе сносите последици, туку затоа што тоа е пристојна работа што ќе ја направите” – заклучува Џонсон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.