| четврток, 6 декември 2018 |

Голем дел од Скопје утре без струја

Дел од корисниците на електрична енергија од неколу скопски општини утре ќе имаат прекин во снабдувањето.

Корисниците од улиците „Желево“, „Волгоградска“, „Трипун Бузев“ и „Разловечко востание“ во општина Карпош утре од 8.30 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Кичевска“, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од селото Љубанци.

Од 11 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Стојна Стевкова“, „Солунска“, „Чаирска“, „Цветан Димов“ и градинката „Фидани“ во општина Чаир. Од 13 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од населбата Радишани и улицата „46“ на местото викано „Голем Рид“ во општина Бутел.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top