| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот кој ја предвиде победата на Трамп тврди:Третата светска војна ќе почне на 13 мај!

војна

Хорасио Виљегас, човекот кој ја предвиде победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, сега тврди дека Третата светска војна ќе почне на 13 мај, на 100­годишнината на појавувањето на Блажена Дева Марија, објави лондонскиот таблоид „Мирор онлајн“.

Тој е убеден дека тоа ќе биде нуклеарна војна што ќе трае до 13 октомври. ­

-Луѓето треба да бидат подготвени со оглед на тоа што не чекаат разорувања, шокови и смрт -­ наведува Виљегас.

Таблоидот посочува дека Виљгас претходно предвиде дека американскиот претседател ќе ја нападне Сирија. Виљегас исто така предвидува дека светскиот однос на силите ќе ги доведе Русија, Кина и Северна Кореја во глобален судир со смртоносни последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top