| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена литературната манифестација „Илинден 2017“

Во присуство на голем број писатели и вљубеници во пишаниот збор и уметноста, во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, на свечен начин беше отворена 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“, што ќе трае до 22 април.

????????????????????????????????????

Манифестацијата и Деновите на книгата во Општина Илинден ги отвори градоначалникот Жика Стојановски, кој искажа голема благодарност на сите оние што придонесоа Литературната манифестација „Илинден“ да ја стекне репутацијата што денес ја има.

-За нас е вистинска чест да бидеме домаќини и да се дружиме со врвни писатели и поети не само од Македонија, туку и од балканските држави. Навистина сме горди што Литературната манифестација „Илинден“ стана еден од промоторите на современите културни достигнувања во нашата земја, истакна Стојановски.

????????????????????????????????????

Веднаш по свеченото отворање на манифестацијата беше промовирана поетската книга „Устата на јавето“ на истакнатиот македонски писател Раде Силјан. Промотивна реч за ова значајно дело и творештвото на авторот одржа претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Веле Смилевски

По повод отворањето на Литературната манифестација „Илинден 2017“ беше отворена изложба на слики на ликовниот уметник Павле Кузмановски. Со пригоден збор за Кузмановски и неговото творештво, изложбата на која се претставени 30-на дела, ја отвори Климе Коробар.

????????????????????????????????????

Вечерта беше заокружена со музички колаж на Васил Атанасов.

Денес, според Програмата на Литературната манифестација „Илинден 2017“ за пладневниот термин во 12:00 часот е предвидено книжевно пладне со писателот Александар Поповски, добитник на наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија. Во вечерниот термин, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовирана стихозбирката „Песна на ридот“ од Гордана Михаилова Бошнакоска, добитник на наградата „Ацо Шопов“ за 2016 година.

Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ од 18 до 22 април се одржува традиционалниот  саем на книгата под мотото „Денови на книгата“, каде што посетителите можат да најдат богат избор на книги за сечиј вкус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top