| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на бензинска пумпа, еден повреден

43 годишен скопјанец е повреден откако дошло до експлозија на мотор од автомобил откако сопственикот на возилото наточил гориво на бензинска пумпа.

Несреќата се случила вчера на улицата Беласица, кога 43 годишниот А.М. од скопското село Миладиновци наполнил гас во возилото лада на бензинската пумпа на Мак Петрол. Експлозијата се случила откако возачот се обидел да го стартува возилото.

А.М. бил пренесен во Градската општа болница со изгореници од втор степен.

Покрај ладата, опожарено било и возило опел вектра, кое било паркирано во непосредна близина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top