| четврток, 6 декември 2018 |

Протест во Крива Паланка: Тука сме за да го зачуваме унитарниот карактер на Македонија

Граѓаните на Крива Паланка марширајќи по улиците ја поддржаа иницијативата „За заедничка Македонија“ повторувајќи ги пораките за зачувување на унитарна и единствена Македонија, отфрлање на тиранската платформа и спречување на федерализација на државата.

И оваа вечер протестот почна од поранешен „Далфис“ кај населба „Единство“, низ центарот на градот, низ главната улица „Јоаким Осоговски“ и старата градска чаршија, до пред зградата на локалната самоуправа на плоштадот „Карпошово востание“.

Маршот заврши пред Споменикот на паднатите борци каде се развиори македонското знаме и беше интонирана химната на Република Македонија.

Од иницијативата истакнаа дека маршевите продолжуваат и утре.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top