| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичани порачуваат: Спокојот во нашата заедничка Македонија нема да ни го наруши некој без легитимитет

Со продавање на Македонија секој може да направи 61-мнозинство, рекоа вечерва говорниците на протестот на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” што се одржа во Струмица.

-Затоа тиранската платформа мора веднаш да биде отфрлена и заборавена од сите партии. Спокојот во нашата заедничка Македонија нема да ни го наруши некој, како што наумил, со проста математика, а притоа не победил на изборите и нема легитимитет, истакна Славица Димитриева.

Присутните граѓани испратија пораки за зачувување на унитарноста и суверенитетот на Македонија и нејзините државни и национални обележја.

Протестот продолжи со мирен марш низ централното градско подрачје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top