Лидерот на Исламската држава Абу Бакр ел Багдади е уапсен во обидот за бегство од Мосул, јавуваат арапските медиуми, а пренесува руски „Спутник“.
Непотврдените информации доаѓаат од началникот на прес-службата при Комитетот за безбедност и информации на Обединетите нации Хејтам Абу Саида.
Багдади е уапсен во моментот кога ја поминувал границата меѓу Ирак и Сирија, дваесетина часа откако е потврдено дека е „жив“ по нападите во Мосул во кој е наводно убиен еден од неговите најблиски соработници Хасбул ел Кавкази, познат како Кавкаски Емир.
„Спутник“ пишува дека од почетокот на март Ел Багдади им се обратил на членовите на Исламската дражва и признал дека имале порази во последно време.
Претходно, во средина на февруари медиумите соопштиле дека лидерот на терористите бил ранет за време на воздушниот напад во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Жив штит: Вака се чува лидерот на Северна Кореја!(видео)
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто