| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте – ова е датумот кога најмногу двојки се разделуваат!

raskin

Зимата е едно од најромантичните годишни времиња. Тоа е време кога се добиваат подароци, кога се празнува. Сепак, истражувањата откриваат дека не е сè толку убаво во љубовниот живот во зимските месеци.

Наводно, во преновогодишниот период многу луѓе ги раскинуваат своите врски. Едно истражување открило точен датум кога доаѓа до разделба на двојките. Се работи за 11 декември.

До тој заклучок истражувачите дошле со преглед на статуси „Фејсбук“, кои во денешно време се идеални за забележување на животните промени кај луѓето. Прегледани се статуси и објави за врските.

Истражувањето покажало дека луѓето најголема контрола врз својот живот превземаат три недели пред Божик, а зошто е тоа така, објаснува психологот Дори Лин. Таа тврди дека таквата ситуација е врзана за подарување подароци.

-Интимниот чин на подарување ги принудува луѓето да ја прифатат реланоста, несоодветноста и довербата и да согледаат каде се во целата приказна. Истиот феномен може да се забележи во Америка за Денот на благодарноста – вели Лин.

Сепак постои и добра вест, а тоа е дека по Божик можете да бидете сигурни во својата врска, со оглед на тоа дека Божик е време до кога двојките најмногу раскинуваат во текот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top