| четврток, 6 декември 2018 |

Со палки влетале в кафана: Тепале и кршеле се пред себе

Вчеравечер во 21.30 часот во Скопско поле-Скопје, во угостителски објект три непознати лица со безбол палки физички ги нападнале сопственикот Н.З. и повеќе гости кои седеле во објектот.

Напѓачите ги удирале во пределот на главите и телата, при што со повреди се здобиле лицата Ш.М. (33), Н.Б. (38), К.М. (23), сите од с.Трубарево, Р.В. (34) од Кавадарци и А.Ј. (29) од Скопје. Никој од повредените досега не побарале лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top