| четврток, 6 декември 2018 |

Евертон го менува Лукаку со Несторовски?!

ilija nestorovski

Англискиот премиерлигаш Евертон испрати нова понуда до Палермо за ангажман на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, објави „Тутомеркатовеб“. Менаџерот на „карамелите“, Роналд Куман, сака Нестор-гол да биде наследникот на Ромелу Лукаку во нападот на Евертон, со оглед дека Белгиецот најави заминување од клубот ова лето.

Евертон нуди 20 милиони евра за Несторовски, па иако Палермо засега бара 5 милиони евра повеќе, се очекува работата околу овој трансфер да биде „испеглана“ на почетокот на летниот преоден рок. За Несторовски одреден интерес покажуваат и Фиорентина, Наполи, Атлетико Мадрид и Севилја. Сепак, предизвикот да се игра во Премиер – лигата е огромен за секој фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top