Со учество на 22 Културно уметнички друштва од земјава и странство (Русија, Бугарија, Србија) на вториот ден од Велигден во Радовиш се одржа меѓународниот фолклорен фестивал ,,Велигденски средби “ традиционално по 13-ти пат. Фестивалот го отвори настапот на естрадната ѕвезда Јордан Митев и трупачки оркестар од Сандански со изведба на химната на фестивалот „Земјо македонска“.
Местото на одржување на фестивалот секоја година е на прекрасниот Манастирски комплекс ,,Свети Ѓорги“ во непосредна близина на селото Ораовица, Радовишко, но оваа година поради временските неприлики се одржа во спортската сала во Радовиш. Организатор и иницијатор на фестивалот е директорот на Фолклорниот ансамбл ,,Китка“од село Ораовица, Димче Петров. Генерален покровител кој го овозможи неговото одржување е генералниот директор на рудникот „Бучим“ Николајчо Николов.
Фестивалот е од изворен карактер и на него се преставуват обичаите,игрите и носиите на секое друштво од кај што доаѓаат. Беа доделени 15 награди и три за животно дело на кореографот Трајчо Атанасов –Коската.
Фестивалскот жири беше составено од врвни стручњаци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.