За време на празничниот викенд, непознати сторители ограбиле пет здравствени ординации, сместени во здравствениот дом во Гостивар, информира СВР Тетово.
Според СВР Тетово, кражбите се извршени меѓу 14 и 17 април, а вкупната штета се проценува на околу 100 илјади денари.
– По насилното отворање на двокрилните прозорци, разбојниците влегле внатре и освен во две, од кои не одзеле ништо, во другите ординации одзеле четири лап-топ компјутери, шест УСБ приклучоци два читача на здравствени картички и два мауса, а потоа незабележани од никого, се оддалечиле од објектот, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Увид е извршен, се преземаат сите мерки зарасчистување на кражбите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.