| четврток, 6 декември 2018 |

Необична клаузула во договорот: Не шутирал тројки за да заработи 500 000 долари

500.

Кошаркарот на Портланд, Маурис Харклеш, успеа да заработи половина милион долари бонус, затоа што едноставно престанал да шутира за три поени.

Споменатиот кошаркар во својот договор со Портланд имал интересна клаузула, која му нуди половина милион долари, само доколку шутира за три поени над просекот од 35 отсто прецизност. Тој во 13 натпревари од 14 март па се до 4 април, на 12 натпревари шутирал за три поени и процентот му дошол до критичната граница на 35.05, а по натпреварот со Јута престанал да шутира за три поени.

Харклеш по споменатиот натпревар престанал да шутира тројки со цел да не го урне просекот, бидејки нема да добие бонус од 500.000 долари.

Против Сан Антонио последниот натпревар не играше, а потоа на последниот сезонски натпревар го прашале дали ќе шутира за три поени ако добие шанса, на што тој одговорил: „Дали вие би шутирале?”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top