Олстар-натпреварот во НБА-лигата оваа година е на програмата од 17-19 февруари во Њу Орлеанс. Еден од бранителите на титулата од минатата година, Клеј Томпсон, кој победи во шутирање тројки, го потврди учеството на егзибицискиот натпревар.
Покрај него, сигурни учесници се уште Си Џеј Мекалум од Портланд и Весли Метјуз од Далас. Организаторот испрати покани и до Стеф Кари и новиот играч на Кливленд, Кајл Корвер, но тие сѐ уште немаат одговорено на истата.
Кари е лидер во постигнати тројки во тековната сезона (188) со реализација од 41 проценти, додека неговиот соиграч од Голден стејт, Томпсон е петти (143) со реализација од 40 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.