| четврток, 6 декември 2018 |

Врескав и го молев да престане: Роналдо силувал девојка, па и платил 375 илјади долари за да молчи

ronaldo-fudbaler-silovanje

По информациите кои неодамна излегоа во јавноста дека Кристијано Роналдо силувал девојка, па и платил 375 долари за да молчи, уште детали околу овој случај почнуваат да се шират по светските медиуми. Сето ова доаѓа од  „Фудбал ликс“, проект кој е во рамки на европската истражувачка мрежа, во кој голем број на доверливи документи на фудбалските ѕвезди излегоа во јавност.

Девојката која наводно ја силувал Роналдо, потпишала договор со кој за 375 000 долари се откажала од тужба и се заколнала дека ќе молчи за настанот.

Тие се запознале на забава во Лас Вегас, по што Роналдо  ја одвел во неговата хотелска соба. Сепак, и покрај потпишаниот договор, девојката неколку години подоцна се одлучила да го тужи фудбалерот.

– Сакам светот да дознае за тоа што ми се случи и за тоа како човек е тој. Ме нападна од позади, а јас врескав и го молев да престане. Во животот никогаш не сум била толку уплашена, изјавила таа.

И покрај тоа што ја започнала судската постапка, девојката вели дека правадата тешко ќе ја дочека и дека се кае што ја прифатила спогодбата бидејќи повеќе не е истата личност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top