| четврток, 6 декември 2018 |

Не смеев ни да мислам на неа – принцот Хари првпат после 20 години проговори за смртта на мајка си!

дајана

Британскиот принц Хари претрпел „целосен хаос“, пред да побара помош, за да се справи со ефектите од смртта на мајка му, принцезата Дајана, откри самиот тој во интервју за весникот Телеграф, прекинувајќи ја со тоа тишината на кралското семејство во врска со смртта на Дајана.

Принцезата Дајана почина во 1997 година, кога Хари имал само 12 години.

-Мојот начин да се справам со тоа беше да ја ставам главата во песок. Одбивав да размислувам за својата мајка, бидејќи мислев дека тоа ќе помогне – изјави тој.

Дури по наполнувањето на 28 години принцот побарал помош од специјалисти за ментални проблеми.

-Поминаа речиси 20 години без да размислувам за тоа, а потоа две години целосен хаос. Не знаев што не е во ред со мене – рече уште Хари.

Дајана и нејзиниот пријател Доди ал Фајед загинаа во сообраќајна несреќа во метрото во Париз на 31 август 1997 година, заедно со нивниот возач Французинот Анри Пол, откако се обиделе да се ослободат од папараци, кои барале сензационални слики.

Нејзината смрт предизвика масовна демонстрација на тага кај јавноста. На погребот, пренесуван и гледан низ целиот свет, Хари одеше до нејзиниот ковчег.

Принцот рече дека неодамна се судрил со тагата од загубата на мајка си, како и со справување со товарот на тоа да си член на кралското семејство, вклучувајќи надминување на чувството за „борба или бегство“ за време на обврски.

-Не знам како остануваме нормални. Немам никакви тајни. Постојано сум бил многу блиску до целосен колапс – рече уште принцот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top