Неколку стотини луѓе протестирале во Њујорк во знак на поддршка на демонстрациите во Турција, кои од незадоволство поради реновирање на централниот плоштад во Истанбил прераснаа во антивладини протести.
Учесниците на протестите во Њујорк синоќа се собраа во близина на Волстрит, во паркот Зукоти, кој кон крајот на 2011-та године стана центар за собир на приврзаниците на движењето „Да го окупираме Волстрит“.
Многумина демонстранти во Њујорк носеа облека вобоите на турското знаме – црвена и бела и извикуваа на турски „Таип, оставка!”, налик на извиците на турските демонстранти кои во текот на протестите бараа од премиерот Реџеп Таип Ердоган да поднесе сотавка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.