99 проценти од гласачките ливчиња се преброени во Турција каде денеска се одржа референдум за промена на системот од парламентарен во претседателски. Според официјалните информации, од 98,6 проценти преброени гласови, со 51,3 проценти води опцијата предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, за преминување кон претседателски систем.
Во Истанбул, сепак, преовладува мислењето на гласачите дека нема потреба од уставни измени во земјата, па против воведувањето претседателски систем гласале 51 процент од гласачите, наспроти 49 процентната поддршка.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделуваат фотографии за протести во Истанбул. Опозицијата и покрај резултатите прогласи победа и обвини за кражба на резултатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.