| четврток, 6 декември 2018 |

Брак без секс, можно ли е?

Без оглед на денешното темпо, брзање и стрес, кога ќе го снема сексот во бракот, време е сериозно да се позанимавате со тоа. Секако дека постојат и оправдани причини, зошто доаѓа до намалување или престан на сексуалниот однос. Такви причини се: раѓање на дете, грижа за болни родители, стресна работа, болест и сл. Тоа е потполно нормално и очекувано во такви ситуации. Меѓутоа, кога е се нормално, а сексот го нема, време е нешто да смените. Соочете се со тоа, поразговарајте и прифатете го фактот дека тоа многу влијае на вашиот брак.

Скриени причини
Многу често во позадина на вакви проблеми, се наоѓаат и многу други проблеми. Најчесто тоа се незадоволство, немање желба за секс, недостаток на страст, недостаток на време и одсутност. Сето ова води кон физичка и емоционална одалеченост помеѓу две личности, а клучот за се е во решавање на проблемите веднаш кога се појавуваат, а не да ги ставате под тепих.

Навики
Како и сите други и вие имате свои навики, и тоа е нормално. Размислете добро околу она што можете да го смените, поминувајте повеќе време со партнерот и тоа колку можете поквалитетно.На пример: За вас нормално е вечерта да ја поминете пред телевизор, гледајќи ги омилените серии. Подобро посветете му го тоа време на вашиот партнер, направете нешто за двајцата, едноставно бидете со него и не се држете до вашите навики секој ден.

Допири
Зближете се физички, така што почесто ќе се допирате. Поминувајте време заедно, фатете го за рака, бакнете го без никаков повод и прегрнете го. Запознајте се повторно и разбудете ја во вас искрата која (накратко) исчезнала.

Флерт
Кој вика дека флерт во бракот не е потребен? И тоа како е потребен. Не се стегајте да си поделите некој комплимент еден на друг, намигнете си, испратете си смс порака со примамлива содржина и сл. Овие ситници многу му значат на секого, а сето тоа води кон подобар сексуален живот.

Разговор
На крајот, ако ништо од наведеното не успее да помогне, размислете да контактирате со трета личност, професионалец кој ќе ви помогне да ги решите проблемите. Добар брачен советник ќе ви помогне да ја откриете позадината на проблемот и ќе ви предложи решение за спас на вашиот сексуален живот и брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top