Министерството за внатрешни работи денеска сподели со јавноста подетални информации за убиството што вчера околу 15,00 часот се случило на ул.„1“ пред браната-Долна Матка и раскрсницата со споредниот пат кој води на долниот паркинг.
До несреќата дошло откако настанала меѓусебна расправија помеѓу лицата: А.Е. (18), Џ.С. (18) и уште едно лице на возраст од 16 години сите од с.Шишево, од една страна и од друга страна 16-годишен малолетник од с.Сарај-скопско, по што истиот бил физички нападнат.
За кратко време со скутер дошол неговиот брат, кој бил на иста возраст, и тогаш настанала меѓусебна тепачка.
Во еден момент А.Е. извадил нож со кој замавнал и го повредил малолетникот нанесувајќи му посекотина во пределот на левата страна на градите. Потоа А.Е. со ножот го прободел и неговиот брат, во пределот на десната страна на градниот кош, при што истиот паднал на асфалтот и починал.
Од екипа на Итната медицинска помош била онстатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и Јвен обвините, по чија наредба телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина за обдукција.
Во Полициската станица во Ѓорче Петров приведен е Е.А. за понатамошна постапка.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Нему пејачот му бил пример: Ова е братот на Дарко со кој ја делат истата стравична судбина!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија