| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден македонски новинар ставен на грчката црна листа

На Ивана Костовска, уредничка за надворешна политика на „Дневник“, утрово и беше забранет влез во Грција на граничниот премин Богородица. „Се смета за опасност по јавниот ред и безбедност, за внатрешната безбедност, јавното здравје и меѓународните односи на една држава-членка на Европската унија“ е наведено во документот напишан на грчки и на српски јазик.

Kostovska19Иако новинарката патувала приватно во соседната земја, грчките гранични власти не и дозволиле да ја помине границата без никакво образложение, пренесува Локално.

-Грчките службеници на преминот Евзони ме повикаа и ме прашаа кога последен пат сум влегла во Грција и дали сум имала некаков проблем. Им кажав дека пред пред еден месец бев во Лутраки, но дека немав никаков проблем. Тогаш ми кажаа дека нема да ме пуштат да поминам граница. Кога ги прашав зошто ми одговорија дека не знаат и дека тоа ќе ми го кажат во грчкиот конзулат во Скопје. Потоа ми дадоа да потпишам документ во кој пишува дека во грчкиот национален регистар сум регистрирана како непожелна личност – објаснува новинарката на „Дневник“.

dokument

Костовска „се смета за опасност по јавниот ред и безбедност, за внатрешната безбедност, јавното здравје и меѓународните односи на една држава-членка на Европската унија“ е наведено во документот напишан на грчки и на српски јазик. Новинарката вели дека е очигледно дека Грција грубо се обидува да ги замолчи македонските новинари и да ги спречи да влезат во земјата.

-Се прашувам дали за грчкото МНР е опасност по јавниот ред и безбедност што пишував дека во Лутраки живеат Македонци. Како би реагирало грчкото МНР кога грчки новинар не би бил пуштен да влезе во Македонија – вели новинарката.

Таа објаснува дека за случајот ќе ги информира меѓународните организации за правата на новинарите.

Откако се обидела да влезе со автобус во соседна Грција граничните власти ја запрашале  кога последен пат влегла во Грција и дали имала некаков проблем.

Отакако одговорила дека  пред пред еден месец била во Лутраки, и дека немала никаков проблем и рекле дека нема да може да ја мине границата.

За подетални информации за причините поради кои е ставена на црната листа ја упатиле во грчкиот конзулат во Скопје. Во документот што го потшишала  пишува дека во грчкиот национален регистар Косотвска е регистрирана како непожелна личност.

Во документот напишан на грчки и на српски јазик пишува дека Костовска „е опасност по јавниот ред и безбедност, за внатрешната безбедност, јавното здравје и меѓународните односи на една држава-членка на Европската унија“.

Предходно влез во Грција им беше забранет влезот и беа прогласени за непожелни личности новинарот на Канал 5 и колумнист во „Република“,  Горан Момироски и Славко Манговски поранешниот уредник на Македонско Сонце.

И двајцата како и Кoсотвска подолго време работат на теми поврзани со правата на Македонското малцинство во Грција и останатите земји во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top