| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете каква одбрана: Ристовски ѝ донесе победа на Барселона (ВИДЕО)

„Министерот за одбрана“ Борко Ристовски со фантастична одбрана ѝја донесе победата на Барселона, која го победи Адемар Леон во рамките на шпанското првенство.

Сепак, гостувањето кај најголемиот ривал во домашниот шампионат донесе многу проблеми за тимот на нашите Кире Лазаров и Борко Ристовски. Се играше неизвесна завршница во која Адемар можеше да извлече и реми и да ја прекине позитивната серија на Барселона која долго ниже само победи во АСОБАЛ лигата, пишува „Дерби“.

При резултат 27:28, домаќините имаа напад, играа без голман и градеа ситуација од која требаше да изборат големо реми. Но, со такво нешто не се согласуваше Борко Ристовски кој со фантастична одбрана на ударот на Хуанин, на неколку секунди до крајот на мечот, фактички ја осигура победата на својата екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top