Потпретседателот на САД, Мајк Пенс почнува со азископацифичката турнеја со посета на Јужна Кореја во момент кога Северна Кореја одново изврши неуспешен тест со лансирање ракета и покрај острите американски предупредувања дека Вашингтон ќе има воен одговор.
Пораката на Пенс за време на турнејата ќе биде дека посветеноста на САД на безбедносните и економски обврски кон регионот продолжува и дека е „исклучително цврста“. Тој ќе ги посети и Јапонија, Индонезија и Австралија.
Покрај моментно актуелните безбедносни прашња, Пенс ќе се обиде да ги убеди сојузниците во посветеноста на американскиот претседател за бебзедносните гаранции и заштитничката реторика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.