Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад не е повреден во хеликоптерската несреќа поради која итно марал да слета и да продолжи со автомобил до главниот град каде ги завршувал своите обврски, пренесува службената интернетска страница на претседателот.
Хеликоптерот со Ахмадинеџад и неколку други соработници имале несреќа и сите се неповредени откако пилотот го спуштил хеликоптерот, наведуваат од кабинетот на претседателот не наведувајќи детали за природата на проблемот.
Изворите наведуваат дека претседателот го продолжил своето патување, ианугурирал неколку проекти и со автомобил се вратил во Техеран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.