Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на свештенството, монаштвото и на сите православни верници.
„Ми претставува особено задоволство, во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, на свештенството, монаштвото и на сите православни верници, да го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.
Христовото воскресение ги содржи универзалните пораки за мир, љубов, солидарност, меѓусебно почитување. Да празнуваме и да се потсетиме на овие пораки во овие празнични денови, но и да ги задржиме како патоказ. На нашата земја и е потребно единство и толеранција, меѓусебно почитување и обединување околу целите кои не придвижуваат нанапред. Економскиот развој, поттикнување на домашното стопанство, инвестициите, претприемништвото се сферите кои се наш приоритет и го движат општеството нанапред. Успехот е можен и тој е достижен доколку напорно и обединето настапиме во решавањето на предизвиците и надминување на разликите.
Проблемите на граѓанинот се заеднички и сите ги споделуваме и живееме со нив, ги разбираме и се трудиме да помогнеме, солидарноста и хуманоста е потребна, но е потребна и мудрост и решителност. Нашата цел е заедничка, единствена и просперитетна Македонија, дом на сите граѓани, место каде секоја индивидуа се почитува, и се реализира.
Во нашата држава постои традиција на соживот и сплотеност во различностите, што е богатство кое вреди да се негува и кое не води напред. Вредностите на христијанството, помагањето и солидарноста, љубовта кон ближниот и за сите кои имаат потреба не прави луѓе, пред се. Македонија мора и ќе оди напред.
Ви посакувам убави празнични денови, љубов и хармонија во сите семејства кои го празнуваат Христовото воскресение, добро здравје, духовен мир и благосостојба во домовите.
Нека е честит и вековит празникот.Нека е вечна Македонија.
Христос воскресна !Навистина воскресна!“, се вели во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски