Ноќеска околу 2 часот, на ул. „Никола Парапунов“ во Скопје, целосно било опожарено возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Г. (61) од Скопје и делумно било опожарено возило „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ч.Х.(51) од Р.Кореја, со живеалиште во Скопје.
Од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е локализиран. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.