Најмалку четири лица се повредени во силна експлозија која утрото одекна во хрватскиот град Сплит.
Според полициски информации, експлозијата се случила во силос за пченица која се наоѓала на северното пристаниште, во пределот кон Врањица, покрај поранешна сплитска пивара. Низ градот брзаат противпожарни возила кон местото на експлозијата.
Детонацијата се почувствувала и на подрачјето на Солин. Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата го прекинала сообраќајот поради што има големи гужви на излезот од градот. Во тек е истрага за причините за експлозијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.