Во текот на наредната недела односно од понеделник од Арктикон кон централна Европа, Балканскиот Полуостров и Медитеранот постепено ќе започне да се спушта можен студен воздух невообичаен за овој дел од годината, објави „Метеомакс“.
Како поминува овој студен воздух над Италјанските алпи па потоа и над Медитеранот така се очекува формирање на секундарен циклонски систем. Токму ова ќе предизвика наредната недела вистински зимски удар и снежен бран на италјанските алпи, но и во северозападните предели на Балканскиот Полуостров.
Во Алпските предели, но и во делови од северозападен Балкан и тоа особено во планинските предели се очекува снежна покривка од 40 до 100 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.