| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во метрото во Атланта, напаѓачот убил едно лице, а ранил уште три

metro atlantaНапаѓач во метрото во Атланта пукал во патниците и убил едно лице, а ранил уште три, пред да биде уапсен на следната станица, објави полицијата.

Лицето почнало да пука веднаш откако возот тргнал од станицата на која што се качил.

„Кога возот почна да се движи, осомниченот испукал неколку куршуми кон жртвите“ изјави Џозеф Дорси, претставник на полицијата.

Уште едно лице е повредено при туркање со останатите патници, обидувајќи се да побегнат од напаѓачот.

Напаѓачот имал околу 30 години, а засега не се познати мотивите за овој инцидент

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top