| четврток, 6 декември 2018 |

„Пржински договор“ не е опција во Албанија: Могерини и Хан жалат што опозицијата нема да учествува на изборите

mogeriniЕвропските челници не се премногу загрижени што опозицијата во Албанија најави дека нема да учествува на претстојните избори. Портпаролката на комесарот Хан, Маја Коцијанчич, одбива да одговори дали ЕУ размислува и во Албанија да го примени истиот рецепт како во Македонија со договор сличен Пржинскиот.
Могерни и Хан во заедничка изјава за политичката криза во Албанија наведуваат дека политичката дебата не треба да биде надвор, туку внатре во парламентот, врз основа на демократската практика.
– Граѓаните заслужуваат одговорно лидерство. Повторно упатуваме апел до политичарите да се однесуваат одговорно, со почитување на институциите и да го отворат патот за демократски избори, во согласност со меѓународните стандарди – се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top