Службите на Здравствен дом Скопје за претстојните празнични денови ќе обезбедат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари и Драчево.
Како што информираат од Здравствен дом, од 8 до 16 часот дежурна специјалистичка служба ќе има во Поликлиника Букурешт. За време на празниците ќе има 24-часовна покриеност од Службата за итна медицинска помош, а редовно ќе работи и Службата за домашна посета.
Од Здравствен дом Скопје им препорачуваат на граѓаните кои постеле да внимааат со внес на храна од животинско потекло, а на сите со консумација на алкохол пред се од здравствени причини, како и поради безбедност во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нови 100 вработувања во Здравствен дом „Скопје“, недостигаат доктори и медицински персонал
-
За Велигден нонстоп ќе работат дежурните служби на Здравствен дом Скопје
-
Гастроскопија и во Здравствениот дом Скопје: поликлиниката „Чаир“ доби најсовремен гастроскоп
-
„Мој Термин“ одлично имплементиран – Ходниците и чекалните во Здравствен дом Скопје се празни