| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен доктор кој барал поткуп

„Падна“ доктор- митаџија кој немал мерка. Доктор е уапсен откако во еден ден е регистрирано дека земал дури 19 подмитувања од пациенти. Митото го барал претежно од луже со инвалидска пензија.
Како што известуваат локалните романски медиуми вкупната вредност која докторот во градот Синаја ја земал на денот кога е уапсен од сите 19 случаи била 8.500 романски леи, или околу 1880 евра.
Докторот бил пријавен во полиција од еден од пациентите од кого било побарано пари за услуга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top