Денеска во Македонија не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Врнежите се очекува да престанат во попладневните часови, на места и кон крајот на денот. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 17 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд особено претпладне и во пладневните часови, додека попладне врнежите ќе престануваат. Дневната температура ќе достигне до 22 степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


