| четврток, 6 декември 2018 |

Распад систем во Барселона, Енрике се дерел на Меси и другарите

mesi

Ситуацијата во Барселона не е сјајна, особено по поразот во Торино од Јувентус со 3-0. Каталонците ќе мора да го повторат чудото од дуелот со ПСЖ за да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампиооните.

Овој месец е важен за каталонската екипа, која игра за да ја спаси сезоната. Покрај незгодната ситуација во Европа, фудбалерите на Луис Енрике се наоѓаат во лош момент и во Примера. Им претстои гостување кај лутиот ривал Реал Мадрид на кое ќе мора да патуваат без суспендираниот Нејмар.

За работата да биде уште полоша, Лионел Меси и тренерот на Барса ги расипаа односите по поразот во Италија. Шпанските медиуми пренесуваат дека Енрике бил бесен по неуспехот во Лигата на шампионите, па се истурил врз аргентинскиот фудбалер и неговите соиграчи.

Тоа го натера Меси да тренира сам оваа среда, одделен од своите колеги. Аргентинецот уште не го продолжил договорот со екипата, а шпекулациите велат дека чека да си замине Луис Енрике.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top