| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот се покажа како жилаво месо за сите што му се настрвија

Ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва, иа­ко под си­лен при­ти­сок од вна­треш­ни и од над­во­реш­ни фа­кто­ри, иа­ко без вла­да по­ве­ќе од че­ти­ри ме­се­ци, иа­ко це­ли три го­ди­ни на­гри­зу­ва­на од раз­ни спле­тки, ин­три­ги и тај­ни опе­ра­ции, по­ка­жу­ва де­ка е жи­лав про­тив­ник за си­те што ѝ се на­стр­ви­ја пос­лед­ни­ве го­ди­ни. И за со­се­ди­те што ди­рект­но или ин­ди­рект­но вле­гоа во би­тка за неј­зи­но раз­не­би­ту­ва­ње, и за вна­треш­ни­те по­ли­тич­ки фа­кто­ри што сво­и­те лич­ни по­ли­тич­ки це­ли ги по­вр­зу­ва­ат со стран­ски цен­три на моќ што те­ра­ат сво­ја аген­да. Ма­ке­до­ни­ја не по­пу­шта ни пред де­ло­ви од сво­е­то на­се­ле­ние, кое упор­но, иа­ко ед­наш ве­ќе до­би про­ме­на на Уста­вот со ин­кор­по­ри­ра­ње на Рам­ков­ни­от до­го­вор, се­га по­втор­но ба­ра це­лос­на но­ва по­ли­тич­ка ре­ал­ност

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Си­те што пос­лед­ни­ве 26 го­ди­ни по­тај­но на­ви­ваа сла­ба­та Ма­ке­до­ни­ја да не оп­стои де­но­ви­ве се раз­о­ча­ра­ни. Си­те што искре­но ве­ру­ваа во збо­ро­ви­те на Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ, спо­ред ко­го „Ма­ке­до­ни­ја ќе до­бие др­жа­ва ама не­ма да знае ка­ко да ја за­чу­ва“, де­но­ви­ве се во ди­ле­ма. Си­те тие се пра­шу­ва­ат да­ли, на­ви­сти­на, зем­ја­та што „со го­ди­ни е на раб на гра­ѓан­ска вој­на по­ра­ди вна­треш­ни при­чи­ни“ , а во исто вре­ме се на­о­ѓа на „ли­ни­ја­та на ог­нот“ ме­ѓу аме­ри­кан­ски­те и ру­ски­те гло­бал­ни ин­те­ре­си, е, на­ви­сти­на, тол­ку сла­ба кол­ку што са­ка­ат да ја при­ка­жат не­кои не тол­ку при­ја­тел­ски до­маш­ни и стран­ски фа­кто­ри. И до­де­ка не­кои сѐ уште сме­та­ат де­ка ма­ла­та и сла­ба Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да ја „сви­тка кич­ма­та“ и да се пре­пу­шти на сти­хи­ја­та, не­кои обич­ни лу­ѓе ве­ќе се­дум не­де­ли упор­но до­ка­жу­ва­ат де­ка си­ла­та на Ма­ке­до­ни­ја не за­ви­си од по­ли­ти­ча­ри­те, од стран­ски­те фон­да­ции, од гло­бал­ни­те ин­те­ре­си, од рас­по­ло­же­ни­е­то на вла­ди­те во Ти­ра­на, Со­фи­ја или во Бел­град ту­ку са­мо од сопс­тве­ни­те ин­те­ре­си, од ин­те­ре­си­те на Ма­ке­до­ни­ја, на­ци­о­нал­на­та др­жа­ва на ма­ке­дон­ски­от на­род и на неј­зи­ни­те гра­ѓа­ни.

 

Опас­но­ста од конф­ликт е при­сут­на, но на­ро­дот е умен

Се раз­би­ра, опас­ност од ин­ци­ден­ти и од конф­ли­кти сѐ уште по­стои. Ка­ко што ни­кој не мо­же да пред­ви­ди ко­га не­ко­ја бу­да­ла ќе вик­не „за Шип­та­ри гас­ни ко­мо­ри“ та­ка ни­кој не мо­же да га­ран­ти­ра де­ка не­ко­ја бу­да­ла од не­кој дру­га стра­на не­ма да ја зе­ме пу­шка­та и да го по­вто­ри ма­са­крот од Веј­це. И во Ма­ке­до­ни­ја и се­ка­де на све­тот бу­да­ли има­ло и ќе има, тоа што е раз­лич­но во ма­ке­дон­ска­та при­каз­на е што убед­ли­во нај­го­ле­ми­от дел од гра­ѓа­ни­те се свес­ни де­ка ни­ед­на ра­бо­та не се ре­ша­ва со конф­ликт. И де­ка што и да се слу­чи, ка­ко што при­ле­га на ед­на ци­ви­ли­зи­ра­на зем­ја за ка­ква што се еса­пи­ме, ре­ше­ни­ја ќе се ба­ра­ат пре­ку по­ли­тич­ки раз­го­во­ри. Тоа е ед­на од цр­ве­ни­те ли­нии на си­те ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни и тоа е до­бро за­тоа што си­те се свес­ни де­ка ка­ков би­ло конф­ликт не мо­же да ги ре­ши проб­ле­ми­те со кои со ве­ко­ви жи­ве­ат Ма­ке­дон­ци­те, Ал­бан­ци­те, Тур­ци­те, Ср­би­те, Ро­ми­те, Бош­ња­ци­те и си­те дру­ги. Си­те се свес­ни де­ка со цр­ни сце­на­ри­ја гу­би­ме си­те, а до­би­ва­ат са­мо тие што не ја са­ка­ат оваа зем­ја за­тоа што сво­ја­та ид­ни­на ја гле­да­ат во дру­ги ше­ми и ге­о­гра­фии.

 

Се­кој по­тег мо­же да е ко­бен, се­кој ќе од­го­ва­ра

Тие што раз­мис­лу­ва­ат за на­ме­сте­ни ин­ци­ден­ти и за обид по не­чии ин­струк­ции на­си­ла да из­бе­рат пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то и да из­бе­рат вла­да над­вор од Де­лов­ни­кот мо­ра да зна­ат де­ка тие пр­ви ќе би­дат жр­тви на сво­и­те идеи. Тие лу­ѓе мо­ра да зна­ат де­ка, за раз­ли­ка од 24 де­кем­ври 2012 го­ди­на, ко­га се слу­чи „цр­ни­от по­не­дел­ник“, во Со­бра­ни­е­то се­га си­ту­а­ци­ја­та е со­се­ма по­и­на­ква. Со­ци­јал­ни­те мре­жи, кои се нај­до­бар лак­мус за рас­по­ло­же­ни­е­то на гра­ѓа­ни­те, ни по­ка­жу­ва­ат де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род не­ма ни­ко­гаш да му про­сти на тој што ќе се оби­де да во­ве­де на­силс­тво ка­ко за­ме­на за прав­ни­те про­це­ду­ри. Тој што раз­мис­лу­ва да поч­не и нај­мал ин­ци­дент за да ја пре­зе­ме кон­тро­ла на со­бра­ни­е­то без да го по­чи­ту­ва про­то­ко­лот, мо­ра да раз­мис­лу­ва за фе­но­ме­нот на „Ефе­ктот на пе­пе­ру­га“ од­нос­но де­ка нај­мал фи­зич­ки конф­ликт во Со­бра­ни­е­то или над­вор од не­го мо­же да до­ве­де до ма­сов­на ре­ак­ци­ја што ќе за­вр­ши со искр­ше­ни, а на сви­тка­ни „кич­ми“, со за­па­ле­ни ку­ќи, со уби­е­ни лу­ѓе, со ха­ос во еко­но­ми­ја­та и со си­те при­друж­ни ефе­кти на ед­но рас­ту­ре­но оп­штес­тво. Па­тот од се­гаш­на­ва Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја за опо­зи­ци­ја­та е не­функ­ци­о­нал­на др­жа­ва, до на­ви­сти­на не­функ­ци­о­нал­на, иа­ко мо­же да би­де поп­ло­чен со до­бри на­ме­ри, е мно­гу кра­ток. За тоа се по­треб­ни не­кол­ку на­луд­ни­ча­ви лу­ѓе што мис­лат де­ка се по­сил­ни од про­це­ду­ри­те, од со­бра­ни­ски­от де­лов­ник и од на­ро­дот. Од исти­от тој на­род што, мо­же­би, фи­зич­ки ќе им ја про­сти нив­на­та гре­шка и на­ив­ност, но за­се­ко­гаш ќе ги за­пи­ше во цр­ни­от те­фтер на исто­ри­ја­та.

kol241-gm-2

Што на­у­чи Ма­ке­до­не­цот од по­ли­ти­ка­та кри­за?

Обич­ни­от Ма­ке­до­нец од кри­за­та што е ин­тен­зив­на во пос­лед­ни­ве три го­ди­ни, а трае ве­ќе се­дум го­ди­ни, на­у­чи де­ка без на­ци­о­нал­но единс­тво се­ко­гаш ќе би­де во си­ту­а­ци­ја да би­де за­ви­сен од стран­ци­те и од ал­бан­ски­от фа­ктор. Во ера­та на гло­ба­ли­за­ци­ја и во си­ту­а­ци­ја ко­га Ма­ке­до­ни­ја са­ка по се­ко­ја це­на да вле­зе во ЕУ и во НАТО, со­се­ма е ло­гич­но да би­де­те за­вис­ни од го­ле­ми еко­ном­ски или во­е­ни со­ју­зи, осо­бе­но ако са­ка­те да би­де­те дел од нив, но, во исто вре­ме, е со­се­ма не­ло­гич­но ним да им се обра­ќа­те за да ви ги ре­шат ос­нов­ни­те вна­треш­ни проб­ле­ми по­вр­за­ни со со­ци­јал­на­та ко­хе­зи­ја и со на­ру­ше­ни­те ци­ви­ли­за­ци­ски од­но­си. Уште по­не­ло­гич­но е Ма­ке­дон­ци­те да за­ви­сат од днев­ни­те по­ли­тич­ки аген­ди на сво­и­те пар­тии или на пар­ти­и­те на ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци.

По­чи­ту­ва­ње­то на др­жав­ни­те сим­бо­ли да ста­не фа­кул­та­тив­на оп­ци­ја

Иа­ко Ал­бан­ци­те се со­ста­вен дел од ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво со ве­ко­ви, а со Охрид­ски­от до­го­вор ја над­гра­ди­ја сво­ја­та по­зи­ци­ја и во Уста­вот и, ре­ал­но, во оп­штес­тво­то, са­мо по­ра­ди ло­ши­от по­ли­тич­ки реј­тинг на ДУИ се­га це­ла Ма­ке­до­ни­ја мо­ра да све­до­чи за про­дол­же­на кри­за за ко­ја и ли­де­рот на ДУИ, Али Ах­ме­ти, не гле­да свет­ли­на на кра­јот на ту­не­лот. Или, пак, Ах­ме­ти не са­ка да ви­ди свет­ли­на за­тоа што во мра­кот е по­лес­но да дој­де до сво­ја­та цел, по­го­лем реј­тинг и ед­на по­и­на­ква Ма­ке­до­ни­ја во ко­ја и фор­мал­но, освен што не­ма да има по­тре­ба да го збо­ру­ва ма­ке­дон­ски­от ја­зик, ќе не­ма по­тре­ба ни да го вее ма­ке­дон­ско­то зна­ме или да ја пее ма­ке­дон­ска­та хим­на. Не де­ка до­се­га тој и не­го­ви­те ко­ле­ги се исте­паа да иска­жат по­чит кон др­жав­ни­те сим­бо­ли, но, се­ка­ко, по­лес­но ќе им би­де ако ус­пе­ат во сво­и­те на­ме­ри устав­на­та об­вр­ска за нив­но по­чи­ту­ва­ње да ја про­ме­нат са­мо во фа­кул­та­тив­на мож­ност да ги на­у­чат збо­ро­ви­те од хим­на­та, да го по­ста­ват др­жав­но­то зна­ме на др­жав­ни­те праз­ни­ци и да го го­во­рат ма­ке­дон­ски­от ја­зик.

 

Двај­ца се ка­ра­ат, тре­ти­от ко­ри­сти

Ма­ке­дон­ски­от на­род на­у­чи уште ед­на важ­на ра­бо­та, ко­ја и прет­ход­но ја зна­е­ше, но се­га ста­на кри­стал­но чи­ста. Де­ка се­ко­гаш ко­га ма­ке­дон­ски­те по­ли­тич­ки ели­ти има­ат спро­тив­ста­ве­ни по­зи­ции за ид­ни­на­та на др­жа­ва­та, не мо­жат да сме­та­ат на Ал­бан­ци­те ка­ко ко­ре­ктив на це­ла­та др­жав­на по­ли­ти­ка. Ста­на јас­но де­ка се­ко­гаш ко­га Ма­ке­до­ни­ја е сла­ба, ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки фа­кто­ри не­ма да се оби­дат да ги пот­прат стол­бо­ви­те на кои по­чи­ва зем­ја­та, во слу­ча­јов мул­ти­ет­нич­ки­те, ту­ку де­ка ќе се оби­дат да ги тур­нат и на нив­но ме­сто да по­ста­ват ал­бан­ски стол­бо­ви. При­тоа на се­кои три стол­ба што ле­жат на пле­ќи­те на си­те дру­ги гра­ѓа­ни, да има по нај­мал­ку еден ал­бан­ски. Цел­та е јас­на и ло­гич­на, со по­ме­сту­ва­ње на еден столб, та­ка по­ста­ве­на­та др­жа­ва ќе мо­же да би­де ур­на­та за миг, а ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри и гра­ѓа­ни не­ма да има­ат ал­тер­на­ти­ва.

kol241-gm-3

Зо­што За­ев и ал­бан­ски­те парт­не­ри не ја пов­ле­чат пла­тфор­ма­та од Ти­ра­на?

За­тоа е важ­но се­га ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни да не по­пу­штат, за­тоа што не мо­жат да ста­нат за­лож­ни­ци на жел­ба­та на Ах­ме­ти да ја вра­ти ста­ра­та сла­ва од 2001 го­ди­на и во исто вре­ме во те­ме­ли­те на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва да вгра­ди чи­вии на да­ле­чин­ско упра­ву­ва­ње со кои ќе ја кон­тро­ли­ра це­ла зем­ја. И ту­ка ни­кој, па ду­ри ни ВМРО-ДПМНЕ не му пра­ви проб­лем на СДСМ да го спре­чи овој про­цес. Ка­ко што ка­жа и Гру­ев­ски, СЈО сло­бод­но мо­же да про­дол­жи со сво­и­те про­це­си, со ап­се­ња, со сво­ја­та по­ли­тич­ка аген­да, са­мо да се отка­же од ти­ран­ска­та пла­тфор­ма. И, на­ви­сти­на, што е тоа тол­ку страш­но За­ев да се до­го­во­ри со Ах­ме­ти, Се­ла, Ка­са­ми и со Та­чи да ја сус­пен­ди­ра­ат пла­тфор­ма­та на­пи­ша­на од Еди Ра­ма. Да ка­жат де­ка за да се над­ми­не по­ли­тич­ка­та кри­за ти­ран­ска­та пла­тфор­ма се ста­ва ад акта или се отка­жу­ва­ат од неа, по што мо­жат да до­би­јат ман­дат за фор­ми­ра­ње вла­да од пре­тсе­да­те­лот Ива­нов. Ах­ме­ти ќе има до­вол­но вре­ме во но­ва­та вла­да да го вра­ти за­гу­бе­ни­от реј­тинг, а За­ев ќе мо­же да ап­си по­ли­ти­ча­ри, но­ви­на­ри и се­ко­го што ќе по­са­ка. Ло­ги­ка­та во отсус­тво на пре­циз­ни ин­фор­ма­ции ве­ли де­ка пла­тфор­ма­та на Ра­ма, се­пак, не е единс­тве­на­та при­чи­на што ме­ѓу За­ев и ал­бан­ски­те пар­тии не­ма до­го­вор за пов­ле­ку­ва­ње од ре­де­фи­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та. Или, пак, до­го­во­рот за неј­зи­но­то спро­ве­ду­ва­ње е пот­пи­шан со крв.

Ја­зи­кот ка­ко глав­на соп­ка

На ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни и до­се­га им бе­ше јас­но, но се­га им ста­ну­ва по­јас­но де­ка со на­мет­ну­ва­ње на ал­бан­ски­от ја­зик ка­ко ед­на­ков на ма­ке­дон­ски­от се вле­гу­ва во фа­за во ко­ја Ал­бан­ци­те ќе твр­дат де­ка ако са­ка­ме да ко­му­ни­ци­ра­ме ме­ѓу­себ­но, си­те Ма­ке­дон­ци ќе мо­ра да го на­у­чат ал­бан­ски­от ја­зик, што ка­ко иде­ја не е ло­ша, но Ма­ке­до­ни­ја не­ма вре­ме за тоа.

До­де­ка Ма­ке­дон­ци­те го на­у­чат ал­бан­ски­от ја­зик до­бро­вол­но или на­си­ла, Ал­бан­ци­те ве­ќе ќе го­во­рат за пра­во­то на са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње и на от­це­пу­ва­ње за­тоа што ме­ѓу нив и нас ќе не­ма мож­ност за ко­му­ни­ка­ци­ја. Се раз­би­раа де­ка огро­мен број Ал­бан­ци не­ма­ат проб­лем да го го­во­рат ма­ке­дон­ски­от ја­зик и за­се­га таа ко­му­ни­ка­ци­ја се од­ви­ва отеж­на­то, но, се­пак, се од­ви­ва, но си­гур­но е де­ка ко­га пра­во­то да се ко­му­ни­ци­ра иск­лу­чи­тел­но на ал­бан­ски­от, кој тре­ба да до­бие ист ста­тус ка­ко ма­ке­дон­ски­от, при­каз­на­та за ко­му­ни­ка­ци­ја­та ме­ѓу нас ќе за­вр­ши. Не по­ра­ди гра­ѓа­ни­те, ту­ку по­ра­ди поз­на­ти­от ина­ет на по­ли­ти­ча­ри­те, кои по се­ко­ја це­на, сле­деј­ќи го за­ко­нот, ќе са­ка­ат да ко­му­ни­ци­ра­ат на сво­јот ја­зик , што е ло­гич­но, но не­при­фат­ли­во за­тоа што со тоа др­жа­ва­та ќе ја по­ве­дат кон рас­па­ѓа­ње.

При­тоа не е тај­на де­ка не­кои од ал­бан­ски­те по­ли­ти­ча­ри јав­но или пре­мол­че­но се стре­мат кон таа цел, иа­ко им е со­вр­ше­но јас­но де­ка тоа сце­на­рио е мно­гу, мно­гу опас­но и за нив и за си­те дру­ги.

(Текст објавен во 241. број на неделникот Република, 14.04.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top