Колумбискиот репрезентативец има повеќе опции околу неговата иднина, но едно е сигурно, од следната сезона Џејмс Родригез нема да биде играч на Реал Мадрид. Последниот, а воедно и најупорниот клуб за потписот на Џејмс Родригез, сега е Манчестер сити. На Гвардиола не му е доста од креативци, а покрај летната распродажба од „Етихад“, Пеп сака што повеќе првокласни играчи да ги пополнат местата на долгиот список на фудбалери кои се на излезна врата.
За Родригез, Сити ќе има конкуренција од Челси, Јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Интер, ПСЖ, Баерн Минхен и од Јувентус, па ќе треба да биде екстремно добра и примамлива понудата за Колумбиецот да го облече дресот на „граѓаните“. Понудата треба да ги задоволи и „кралевите“, бидејќи во 2014 година платија 75 милиони евра на Монако, а се очекува да го продадат за нешто повеќе од 50 милиони, со цел да не бидат во тотална загуба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)