По Калиќ е распишана потерница од август 2011 година, а се бара за перење пари стекнати од шверц на дрога. Според полициската управа на Црна Гора, тамошните власти по Интерпол трагаат по 523 осомничени криминалци, а само во минатата година се распишани 170 меѓународни потерници. Од нив, во странство се уапсени 75 бегалци.
Во текот на минатата година, во Црна Гора се уапсени 35 лица барани по странски потерници, а екстрадирани се 22 –ца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.